Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, предупреди во неделата на опасноста од „балканизација“ на Европската унија и оцени дека Европа, за да ја избегне таа закана, мора повторно да ја поттикне „креативноста“ и да прифати дека во неа постои „здрава поделба“.

Во текот на своевидната прес-конференција одржана во авионот со кој папата во неделата вечерта се враќаше од тридневната посета на Ерменија, предупреди дека би можеле да се „отцепат“ покраини како што се Шкотска и Каталонија, а тоа би можело да води до „балканизација“ на Европа.
„За повторно во себе да пронајде сила којшто лежи во нејзините корени, Европа мора да направи чекор кон креативноста и здравата поделба (…), а тоа значи да им даде повеќе независност, повеќе слободата на земјите од Европската унија“, порача папата.
Уште во петокот кога патуваше кон Ерменија, папата Франциск ги повика „сите Европејци“ на одговорност во оваа чувствителна фаза.
„Постои нешто што не е добро во масивната, тешка унија. Но да внимаваме со валканата вода да не го фрлиме и детето. Попрво треба да се потрудиме повторно да создаваме“, рече повикувајќи ја Европа „повторно да ја пронајде својата креативност“ и да размислува за создавање на некоја нова форма на Унија“.
„Двата клучни збора се креативност и плодност“, истакна папата Франциск.