Почнува Скопско лето 2016

Во вторник, на платото пред Македонската опера и балет, со гала оперскиот концерт на солистите и оркестарот на Македонска опера и балет, во 21 часот, свечено ќе биде отворено 37-то издание на Скопско лето, меѓународната културна манифестација, што традиционално почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката.

Image (5)

Отворањето на Скопско лето 2016 ќе го означи уште еден културен настан, со почеток во 20 часот во Национална галерија на Македонија „Чифте амам“, изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески.

Скопското лето веќе 37 години на нашиот град, во летниот период, му дава специјален мирис и арома со низа домашни и странски, премиерни и специјални проекти и гостувања, музички, театарски, филмски, ликовни и други естетски доживувања на скопските сцени и отворени простори.

Годинава „Скопско лето“, кое е во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, а покровители се Министерството за култура и Градот Скопје, ќе биде со богата програма, составена од 52 уметнички настани,  кои се од различен карактер и истите се составени од 19 музички настани-концерти, 10 ликовни изложби, 9 театарски претстави, 11 филмски проекции…