Почнува судењето против обвинетите за случувањата во кумановската Дива населба

Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба почнува во вторник во Основниот суд Скопје 1.

Image
Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394-а и „тероризам” од чл. 394-б од Кривичниот законик.

Сите 29 обвинети лица на 7 декември минатата година пред Советот од судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.

Во мај минатата година дојде до оружен инцидент во кумановската Дива населба, кога вооружена група се судри со полицијата, при што загинаа осум полициски специјалци. Меѓу вооружените напаѓачи беа убиени десет лица.