Преживеаните од Орландо раскажувaат за ужасот во клубот

Преживеаниот од нападот во Орландо, Анхел Колон, кој во неделата во ноќниот геј клубот е трипати застрелан, опишува дека се преправал дека е мртов додека Омар Матин неуморно пукал по луѓето кои околу него лежеле на подот.

Image (17)

Колон во разговорот со новинарите рекол дека Омар Матин продолжил да пука и во оние кои веќе изгледале мртви за да биде сигурен дека ги убил.

Анхел Колон, кој е ранет во ногата, раката и колкот, рекол дека во еден момент помислил: „Јас сум следниот, мртов сум“. кога Матен стрелал кон неговата глава. Меѓутоа, ја убил девојката која лежела покрај него.

„Ладнокрвно, убиваше еден по еден човек“, опишува Колон.

Шест лица се наоѓаат во критична состојба по нападот од неделата утрото во ноќниот геј клуб „Pulse“, соопштија во вторникот болнички извори.

Хирургот Мајкл Четам изјавил дека не би бил изненаден кога бројот на жртвите, кои во моментов ги има 49, и да се зголеми.

Матин, кого го уби полицијата во престрелката по тричасовната заложничка драма, пред нападот со телефонски повик во службата за итни случаи 911 ја објавил својата верност на екстремната сунитска организација Исламска држава.

Истрагата во вторникот открива дека Матин неколкупати го посетил овој клуб за хомосексуалци во изминатите три години и разговарал со другите гости за апликациите со чија помош геј заедницата ги договара состаноците.

Истрагата во моментов е концентрирана и на сегашната сопруга на 29-годишниот Матин, кога го следела кога заминал да го набљудува клубот пред пукањето. Нур Уахи Салман за телевизиските мрежи NBC и ABC News изјави дека се обидела да го одговори сопругот од нападот.

макфакс