Променливо облачно со сончеви периоди

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди, но локално сé уште ќе има услови за слаб локален дожд, особено во крајните западни и источни планински предели.

Image (9)

Максималната дневна температура ќе се движи во интервалот од 10 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 18 степени.

Во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Од вторник ќе настапи период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен в четврток кога ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

макфакс