Рутински победи за Барселона и Атлетико

Водечките две екипи во шпанската Примера, Барселона и Атлетико Мадрид, забележаа рутински победи во Еибар, односно Валенсија, во рамките на 28.коло.

Image

Барселона, во Еибар, рутински славеше со 4:0, во дуел со едно од најпријатните изненадувања во првенството. Барселона на овој меч играше без суспендираниот Нејмар. Серијата на голови ја отвори Ел Хадади, ја продолжи Меси со два гола, а ја затвори Луис Суерез со својот 26-ти гол во првенството.

На овој меч неверојатното трио на Барселона, која и 36-ти натпревар во сите конкуренции нема пораз, Меси-Суарез-Нејмар вќе стигна до 100 постигнати голови во сезоната.

Атлетико на „Местаља“ славеше со 3:1 против Валенсија. Двата тима одиграа добар меч, особено во првото полувреме, кое заврши 1:1, откако Гризман погоди за ‘јорганџиите’, а Черишев за Валенсија.

Победникот го решија играчите кои влегоа во игра во второто полувреме, Торес во 72-та и Караско во 85-та минута.

Гостинаска победа запиша и Атлетик Билабао, кој во Хихон славеше над Спортинг со 2:0. Головите за Атлетик ги постигнаа Бењат во првото и Де Маркос во второто полувреме.

На натпреварот кој се одигра на „Аноета“ во Сан Себастијан, Реал Сосиедад и Леванте одиграа 1:1.

Барселона е лидер на табелата со 72 бода, осум повеќе од Атлетико, додека трет е Реал со 60 бодови.