СДСМ: Ќе има избори, но не на 24 април

СДСМ реагира на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во која тој вели дека не отстапува од 24 април како датум за изборите, а оцени дека за прочистување на Избирачкиот список, ако се работи ефикасно, има и повеќе од доволно време за на 24 април да има список што ќе ужива општа доверба.

Image

„Никола Груевски призна дека треба и мора да има фер и демократски избори. Но, во паника од соочување со одговорноста за криминалното владеење во изминатите години, Груевски уште еднаш потврди дека се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Сметаат дека ако Груевски не се плажел од фер избори, немало да ја кочи имплементацијата на клучните сегменти од Договорот од Прижино и ќе прифател прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите.

„За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори. Да. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24-ти април“, се додава во соопштението.