Северна Кореја: Сеул ќе биде пепел

Северна Кореја објавила нова пропагандна видео монтажа на која се гледа повеќекратен ракетен напад на претседателската Сина куќа во Сеул и останатите знаменитости на Јужна Кореја, пренесуваат светските медиуми.

Image (7)

Британски The Guardian пишува дека снимката била во понеделникот поставена на сајтот на државната новинска агенција на Северна Кореја, KCNA, и потсетува дека пред десетина дена беше објавена слична видео монтажа во која цел беше Вашингтон.

Насловот на видео монтажата е „Доколку на ултиматумот не биде одговорено“, а на неа е прикажано како ракетите истрелани од Северна Кореја уништуваат згради и таа завршува со предупредување „сé ќе се претвори во пепел“.

Тензиите се корејскиот полуостров се сé поголеми откако Пјонгјанг на 6-ти јануари го изврши четвриот нуклеарен тест, а покрај тоа, севернокорејската влада во последните неколку месеци повеќепати се закани со напади против Сеул и Вашингтон.

Како што наведуваат медиумите, причина за ова се „воените игри“ на Јужна Кореја и САД кон почетокот на март. Овие вежби беа поголеми од вообичаените и вклучуваа специјална операција за уништување на севернокорејското лидерство, во случај на отворен судир.

Пјонгјанг ова го толкуваше како директна закана кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, поради што војската објави ултиматим во кој од јужнокорејската претседателка Парк Гуен-Хе побара да се извини и да ги казни оние кои ја подготвиле таа стратегија.

макфакс