Семејствата на џихадистите ќе го напуштат Дамаск во рамките на примирјето

Стотици членови на семејствата и ранетите борци на сунитската џихадистичка група Исламска држава ќе ја напуштат областа на сириската престолнина Дамаск в рамките на примирјето постигнато со посредство на Обединетите нации, објави во четвртокот опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) лие седиште е во Лондон.

Image

Безбеден коридор ќе им биде овозможен од палестинскиот бегалски камп Јармук во предградието на Дамас, кој го заземаа бунтовниците и соседното Хаџар ал-Асвлакд, изјавил за Reuters директорот на SOHR Рами Абделрахман.

Семејствата и некои припадници на Исламската држава во текот на неколку месеци ќе бидат одведени во Рака, во северна Сирија, која е своевидна престолнина на ткн „калифат“ кој го прогласи оваа екстремна сунитска група, како и во други подрачја под контрола на Исламската држава, со што практично областа околку Дамак би била исчистена од милитантите.

Исламската држава има значајно упориште во Хаџар ал-Асвад, голема сунитска населба, само неколку километри од седиштето на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Сирискиот министер за национално помирување Али Хајдар изјави за Reuters дека целта на напорите е милитантите да бидат изведен од кампот Јамрук, но не дал други поединости.

Неколку локални примирја и договори за слободни коридори беа склучени неодамна на другите подрачја во Сирија.

Со договореното примирје склучено со посредување на Иран и Турција запрени се борбите во градот Забаданија на либанската граница и во две села во северозападна Сирија. Договор, исто така, е постигнат и во последната населба под контрола на бунтовниците во сирискиот град Хомс, со кој милитантите и нивните семејства може по речиси две години ќе може да го напуштат опколениот кварт. Според ОН, ваквите договори ќе помогнат да се воспостави пат за мир во целата земја.