Серија А: Наполи и Јувентус во мртва трка

Фудбалерите на Наполи и Јувентус ја продолжуваат трката за шампионската титула во Серија А, откако забележаа рутински победи во 23.коло. Во оваа рунда во калчолигата, триумфираа и останатите фаворити Интер, Милан, Фиорентина. Во ова коло фудбалерите на Верона ја забележаа првата победа во сезоната.

Image

Наполи славеше во Рим против Лацио со головите на Игуаин и Каљехон, додека Јувентус славеше над Џенова со автоглото на Де Мајо. Наполи води со 53 бодови, два повеќе од Јувентус, Фиорентина е трета со 45, бод повеќе од Интер.

Серија А, 23.коло:

Фрозиноне-Болоња 1:0

Верона-Аталанта 2:1

Фиорентина-Карпи 2:1

Интер-Киево 1:0

Палермо-Милан 0:2

Лацио-Наполи 0:2

Сампдорија-Торино 2:2

Емполи-Удинезе 1:1