Мајкл Фелпс не запира, го освои и своето 19. олимписко злато

Мајкл Фелпс продолжи онаму каде што застана пред четири години во Лондон, па во својата прва дисциплина во Рио го освои и првиот златен медал. Американскиот пливач беше дел од штафетата 4х100 метри слободно која без поголеми проблеми стигна до првото место, со што го обезбеди своето 19. олимписко злато во кариерата и вкупно 23. олимписко одличје.

felps-so-zlato-615x400

31-Годишниот пливач е дел од американската штафета уште од 2004 година, а пред трката не ја криеше мотивираноста да се реваншира за поразот од Франција во финалната трка од ОИ 2012 во Лондон. Тој и неговите репрезентативни колеги успеаја во зацртаната цел, па Американците повторно се искачија на највисокото место на пиедесталот, пред Франција и Австралија.

Само за потсетување, Мајкл Фелпс во 2012 година објави завршување на кариерата, но во 2014 реши да се врати во базените со цел да освои нови медали во Рио и да го зацврсти статусот на најуспешен олимпиец на сите времиња.