Се разведуваат Амал и Џорџ Клуни?

Британската адвокатка, Амал Клуни е подготвена да стави точка на бракот со холивудскиот актер, Џорџ Клуни само петнаесет месеци по нивното венчавање, пишува американскиот таблоид „ОК!“ магазин.

Image

Според магазинот, госпоѓа Клуни поминала неколку дена во Лондон, каде со пријателите уживала во алкохолот и ноќните излегувања, а изворот на магазинот, кој се затекнал во друштво на адвокатката открил дека Амал е незадоволна од брачниот живот и дека се почесто утеха наоѓа во алкохолот.

„Кога испила доволно алкохол, почна да зборува за својот брак. Очигледна дека не е најсреќна во бракот и се гледаше дека и олеснило што Џорџ не е во нејзина близина“ рекол изворот и додал дека Амал била несреќна бидејќи немала време за себе.

„Таа сега живее во неговиот свет, а додадете го и притисокот да остане бремена, па ќе ви биде јасно зошто Амал е незадоволна“, рекол изворот.

Исто така Амал стравувала дека го изгубила деловниот кредибилитет откако станала госпоѓа Клуни. „Тоа е сериозен удар за нејзе, бидејќи се плаши дека луѓето веќе не ја сфаќаат сериозно како претходно“, додал изворот.

Адвокатката која го бранеше Џулијан Асанж, и најпосакуваниот ерген стапија во брак пред петнаесет месеци и оттогаш постојано се во фокусот на медиумите.