Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Лефкада, почувствуван и во Скопје

 

Послаб земјотрес бил почувствуван во вторник наутро во во 08 часот и 10 минути во Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

lefkada

Според истиот извор, земјотресот во Скопје бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, а епицентарот се наоѓал кај грчкиот остров Лефкада, каде што бил со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала.

Населението панично излетало на улиците, но засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Според Геолошкиот институт во Атина, потресот се случил во морето, на длабочина од околу 10 километри, 283 километри западно од Атина.

макфакс