Слаб земјотрес на истокот од Македонија

Слаб земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, почувствуван е утрото во понеделник, во источните краеви на Македонија.

Image

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 21.03.2016 год., во 4 часот и 36 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 км источно од Скопје, информираат од таму.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во источните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.