Со овошје и зеленчук до поубав тен

Само неколку недели да јадете овошје и зеленчук ќе ви се подобри бојата на кожата, објавија истражувачите на шкотскиот Универзитет St Andrews.

woman-eat-strawberry-PV0410-600-x450

Научниците ја следеле исхраната на 35 лица и откриле дека оние кои јадат “зелено” имаат поубав тен. Предходните истражувања веќе констатирале дека таквата промена тие луѓе ги прави попривлечни.

Другу научници велат дека студијата објавена во медиумите, можеби не го одразува сосема прецизно односот помеѓу исхраната и изгледот.

Веќе некое време се знае дека некои жолти и црвени пигменти наречени каротеноиди што ги има во разно овошјен и зеленчук, имаат благотворно влијание на кожата. Меѓутоа, се уште не е јасно какво е влијанието на нормалната здрава исхрана.

Научниците од St Andrews ангажирале 35 студенти, главно белци, и шест недели следеле во колкави количини консумирале овошје и зеленчук. Овие доброволци не смееле да влезат во сауна, ниту да се мачкаат со средства за потемнување.

Со посебен инструмент е анализирана бојата на нивната кожа пред, за време и по завршување на тестирањето.

Резултатите покажуваат дека промената во количината на консумираното овошје и зеленчук може да доведе до разлики во тенот на кожата: повеќе овошје и зеленчук придонесуваат за потемнување на природната црвена и жолта колорација на кожата.