Авганистанските талибани ја користат сé уште постојната локална традиција за сексуално ропство за момченцата да ги уфрлуваат меѓу полицајците и да изведуваа напади врз безбедносните сили, пишува AFP повикувајќи се на локални функционери и преживеани од таквите напади.

„Баша бази“ што на дарија јазикот значи „да се игра со момченца“ е практика раширена во некои области на истокот, југот и северот од земјата. Се состои од подготовка на момченца од предпубертетска возраст, понекогаш нашминкани и облечени во женски облеки, за танчари и сексуални робови.
За некои полициски команданти во покраината Урузган, „баша бериш“ или „голобрадите момченца“ се вистински трофеи кои љубоморно ги чуваат за себе.
Речиси наназад две години, талибанските бунтовници ја користат оваа „слаба точка“ за напад врз безбедносните сили, но нивниот портпарол официјално ја негира таквата практика.
Сепак, безбедносни извори и преживеани тврдат дека бунтовниците редовно прибегнуваат кон користење на овие млади сексуални робови за изведување на нападите. Меѓу јануари и април годинава регистрирани е најмалку шест такви напади во кои се убиени неколку стотици полицајци, главно во покраината Урузган.
„Талибаните испраќаат момченца, убави момченца, да се инфилтрираат во полициските редови за да трујат или убиваат. Ја открија најголемата слабост на нашите полициски сили – баша бази“, појаснува Ѓулам Саки Рок Леванаи, началник на покраинската полиција.
Нападите коишто ги изведуваа момченцата значително го ослабија авганистански и воени и полициски сили, и онака немоќни во однос на талибаните во споменатиот зафрлен планински регион., покрај опасната покраина Хелманд на југот од земјата.
„Полесно е да им се влезе во трагата на бомбашите самоубијци отколку на убијците од типот ‘баша’“, вели неименуван висок покраински функционер.
„Нападите баша создаваат голема недоверба во редовите на полицијата“, додава Сејдукулах, началник на полициска станица во близина на покраинскиот административен центар Тарин Кот.