Талибанците напредуваат на северот на Авганистан

Кабул, 15 август, 2016 – 11:34 (META) 
avganistan-mapa

Талибанците, кои се обидуваат да ги потиснат НАТО силите од Авганистан, после неколку дневни борби освоија клучна област во северната провинција Багхлан.

Борбите ескалираа во Авганистан, откако талибанските бунтовници од своите упоришта на југот и на истокот на земјата тргнаа во офанзива во мирниот северен дел.

Иако имаат поддршка од американските и авганистанските воздушни сили, владините трупи, според полициски претставник во Багхлан, се успеваат да се спротивстават на подобро вооружените и подобро обучените бунтовници.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Мујахид соопшти дека многу авганистански војници се убиени, а 33 се уапсени.

Засега нема потврда за загубите од независни извори.