Тајните на совршеното деколте без градник

Поради градниците нашето деколте изгледа баш како што сакаме, бидејќи тој ги зголемува и обликува градите т.е. прави тие да изгледаат пристојни и посакувани.

634613798591557860_vsad

Меѓутоа, понекогаш посакуваме да го соблечеме градникот и во името на удобноста да отидеме ослободени од корпи и ленти.

За да не се премине границата на добриот вкус и модниот бонтон, ви претставуваме 7 правила при кои мора да се придржувате.
1. Никогаш не одете на работа без градник. Ни кога е опуштен петок, ни кога надвор е многу жешко, па ви пречи. Никогаш, ни под било какви услови.

2. Избегнувајте свилени и останати проѕирни ткаенини. Би можеле да бидат премногу проѕирни за тој дел од телото.

3. Бидете внимателни со широките и развлечени блузи, бидејќи доколку се наведнете би можеле на околината да и дадете поглед за кој долго ќе се зборува.

4. Доколку носите корпи со големина Ц или Д избегнувајте маици или фустани без прерамки. Таквите броеви би можеле премногу да ги стиснат градите и да ги стопат во безлична маса.

5. Ако имате поголеми гради ќе ви одговараат фустани кои се врзуваат околу вратот. Што е поцврсто врзано, толку подобра поддршка.

6. Идеален крој за деколте без градник е фустан исечен под градите т.н. „empire“ кој ја дава потребната поддршка.

7. Носете самолепливи силиконски покривачи за брадавици за да избегнете надзирање на бојата и тврдоста на брадавиците низ фустанот или маицата.