Тешка железничка несреќа во Баварија, неколкумина загинати

Неколку луѓе загинаа, а над 150 се повредени во тешка железничка несреќа во вторник во Баварија, објавено е од службени извори.

Image
„Два воза се судрија…Десетици лица се повредени, дел од нив потешко, а неколкумина се мртви“, рече полицискиот портпарол.

Судирот се случил во 6:48 часот во близина на Бад Аблинг, на југоистокот на Германија.