Турски рибари уловиле ајкула тешка 700 кг. во Егејско море

Турските рибари уловиле две ајкули, од кои едната е најголема ова сезона, во Ајваџик на турскиот брег на Егејското море, јави во вторник турската агенција Џихан.

Image
Ајкулите тешки 700 и 400 килограми се закачиле за рибарска мрежа, на длабочина помала од 350 метри.

„такви ајкули никогаш порано не се видени тука. Моравме да користиме дигалка да ги качиме на бродот“, рече риболовецот Мустафа Картал.

Според неговите зборови, ајкулите ќе бидат продадени во Грција, каде што килограм од ова риба се продава од три до шест евра.