Уапсен македонски државјанин во Тирана осомничен за учество во ИД

Тирана, 15 август, 2016 – 10:10 (META) 
82349740_138884468

Во Тирана е уапсен 46-годишен македонски државајнин, кој се барал со меѓународна потерница, распишана од властите во Скопје, поради учество во Исламска држава, јавува албанската телевизија„Ора њуз“.

Според информациите станува збор за И.А. од Гостивар, кој пред една година бил осомничен за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена и параполициска формација, но успеал да избегне апсење во Македонија и оттогаш најверојантно се криел во Тирана.

Идентификацијата и апсењето на 46-годишниот гостиварец, како што пренесува „Ора њуз“, била направена врз основа на размена на информации на трајните служби на двете земји.

Според телевизијата, случајот е предаден во Обвинителството во Тирана кое треба да ја спроведе процедурата за екстрадиција на осомничениот во земјава.