Фијатот на папата продаден за 82.000 долари

Малиот црн „фијат 500 Л“ кој го користеше поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск во текот на неговата историска посета на САД во септември минатата година, продаден е на аукција за 82.000 долари, соопштија во саботата организаторите.

Image
Аукција, на којашто се јавиле 19 понудувачи, траела само 11 минути. Учесниците кои лично и телефонски наддавале на Филаделфија ауто шоу-то, ги изнесувале своите понуди за „Фили фијатот на папата Франциск“.

Најмногу, 82.000 долари, понудиле Мајкл и Кејт Чепмен, сопственици на синџирот продавници „Chapman Auto Stores“, а парите ќе одат во прилог на Римокатоличката надбискупија во Филаделфија.

Папата Франциск се одлучи за „фијатот“ за симболички да ја искаже својата загриженост за природната околина, но и за да ја оддалечи црквата од сликата за претерана раскош.

„Фијатот“ беше еден од шесте автомобили коишто папата ги користеше во текот на посетите на Вашингтон, Њујорк и Филаделфија.