Фрлањето на крстот во Вардар прв настан на новиот премиер Димитриев

По повод чествувањето на празникот Богојавление  Водици, претседателот на Владата, за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, во вторник, ќе присуствува на чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар.

Image

Настанот ќе се одржи на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, во 11.45 часот.

 

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пак, соопштија дека тој, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во 12 часот ќе присуствува на големиот богојавленски водосвет и фрлањето на Чесниот крст во водите на реката Вардар на „Железниот мост” во населбата Хром каде свештениците од двата храма „Св. Петар и Павле” од Ѓорче Петров и „Св. Пантелејмон” од Нерези ќе одржат заедничка служба.