Шестгодишно дете и двајца возрасни тешко повредени во сообраќајка со возило кое го управувал малолетник

Шестгодишно девојче и уште две лица се тешко повреди во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот попладне кога нивното возило се судрило со друго возило коешто го управувал малолетник.

Image (2)

Според информациите од МВР, несреќата се случила во 13.45 часот на локалниот пат за село Фалиш – Тетово, кога се судриле автомобил „форд“ со тетовски регистарски таблички со којшто управувал седумнаесетгодишен тетовец, и автомобил „опел вектра“ управувано од триесет и шестгодишен жител од тетовското село Стрименица.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка, кои од тетовската болница биле пренесени на скопските клиники. Девојчето се здобило со скршеница на рамото и е задржана во тетовската болница на натамошно лекување.

За натамошно лекување во тетовската болница задржани се уште три сопатници од истото возило, на возраст од 30, 32 и 37 години кои се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за БПС Тетово.

макфакс