Што сé ја намалува желбата за секс?

Понекогаш ви се случува да немате желба за секс, а ни сами да не знаете зошто е тоа така? Има неколку причини кои можат да ја објаснат оваа појава…

nedostatak-seksa1

Контрацептивни пилули
Иако резултатите од истражувањето за влијанието на контрацепцијата врз желбата за секс се различни, студијата спроведена во 2010. забележала намалување на сексуалната желба и возбуда кај жените кои пијат, во однос на оние кои не пијат контрацептивни пилули.

Недостаток на сон
Студија од 2011. откри дека мажите кои спијат помалку од 5 часа дневно имаат значаен пад на нивото на тестостерон, што предизвикува намалување на сексуалната желба. Освен тоа, научниците претпоставуваат дека ненаспаноста еднакво допринесува за намалување на желбата за секс и кај двата пола.

Јадете премногу
Консумацијата на преголемо количество храна, особено онаа нездравата, во голема мера придонесува за намалена сексуална желба.

Не јадете доволно
Исто како што прејадувањето се одразува негативно на сексот, така и недоволното јадење. Тоа предизвикува намалена енергија, па со самото тоа и намалена сексуална желба.

Производи за раст на косата
Производите кои го поттикнуваат растот на косата можат да предизвикаат низок сексуален нагон и еректилна дисфункција кај мажите.

Стрес
Еден од најголемите „убијци“ на сексуалната желба.

Депресија
Иако на стручњаците сеуште не им е јасна оваа поврзаност, факт е дека депресијата може да ја намали желбата за секс дури за 70%.