Препознајте дали сте го пронашле мажот со кој треба да останете до крајот на животот

Одлуката дали сте со вистинскиот или маж кој нема да издржи уште долго, не зависи само од пеперутките во стомакот.

ljubov_vrska_par

 

Ако мажот кој го имате покрај вас има барем половина од овие карактеристики, зачувајте го до крајот на животот.

1. Ве изненадува без причина. Поточно, причината е да ве види како се смеете.

2. Ви обрнува внимание додека зборувате.

3. Се чувствувате неисполнето кога го нема.

4. Но, ви оставил доволно простор за да имате сопствен живот дури и кога тој не е до вас.

5. Искрен е и цени кога и вие возвраќате со иста мера.

6. Бескрајно сте благодарни што е дел од вашиот живот.

7. Не го сакате како момче, туку како целосно прекрасна личност.

8. Да имате шанса да го запознаете по втор пат, знаете дека ќе биде прекрасно како и првиот.

9. Вашите интереси се вртат околу една единствена цел.

10. Но, тоа не значи дека немате ништо ново да научите од него.

11. Тој ви го посакува само најдоброто.

12. Секогаш е тука кога треба да ве поткрене, и физички и емотивно.

13. Сака да ви помогне и без да побарате помош.

14. Ви дава комплименти.

15. Вашето семејство го дели мислењето дека е прекрасен.

16. Не верува во „ветувањата се направени за да се прекршат“.

17. Вашите пријатели постојано ви кажуваат дека е одлично друштво.

18. Неговите маани ве нервираат, но тоа не значи дека не го сакате.

19. Никогаш не кажал нешто што може да ве повреди.

20. Не зборува негативно за вашите навики и лични карактеристики.

21. Кога се карате, се карате фер, без навреди.

22. Нешто од внатре ве тера да се насмевнете кога и да го погледнете.

23. Па дури и кога сте интимни, во кревет.

24. Знае што ви треба на крајот од ужасниот ден.

25.Едноставно, не можете да си ја замислите иднината без него.