Што треба да промените ако долго време сте сингл?

Ако веќе подолго време немате партнер и смачено ви е од тоа, треба да направите нешто за да ја промените таквата состојба.

single

 

Но, наместо да чекате сите околу да се променат и да станат какви што посакуваат, подобро е да најдете начин и вие да се промените.

Мали чекори за големи промени:

Првиот впечаток е најважен

Размислете како се однесувате кога одите првпат на состанок со некого или ако се запознавате. Невербалната комуникација е многу важна. Дали сте доволно опуштени, дали флертувате, премногу сте нападни или очајни? Мора да внимавате сè да биде умерено.

Бидете достапни

Кај сите владее стравот да не бидат одбиени. На мажите понекогаш им е потребно да видат ранливост и достапност кај жените, за да се охрабрат и да почувствуваат дека имаат што да понудат. Внимавајте, со цел да се заштитите да не претерате и да оддавате сигнали дека уживате сами и не ви треба никој.

Треба да знаете што сакате, а што не, но да не бидете премногу строги

Доколку не знаете што сакате, тогаш добро е да знаете барем што не сакате. Добро е да имате листа на приоритети, но не треба да бидете премногу строги и да не попуштите за ништо. Понекогаш и оние кои на прв поглед изгледаат како воопшто да не се ваш тип, може да станат идеални партнери.

Дајте им на луѓето втора шанса

Кога ќе почувствувате дека времето ви поминува, можеби не треба секоја шанса да ја отфрлате според првиот впечаток. Понекогаш на луѓето треба да им дадете и втора шанса или повеќе шанси за да ги видите во различни ситуации. Само така ќе добиете комплетна слика и ќе сфатите за што може да направите компромис, а за што не. Можеби некои работи на прв поглед и не се толку пресудни.