Сите придобивки од само една чаша сок од лимон

Само една чаша сок од лимон можат да бидат многу корисни за нашето здравје. Еве ги 10-те најдобри придобивки од лимонот.

Lemonade

Го зајакнува имунитетот

Половина исцеден лимон во чаша вода еднаш дневно има доволно витамин „Ц“ за борба против настинката и грипот.

Мишел Чевели, нутриционист нагласува дека лимонот ја подобрува способноста на телото да го апсорбира железото кое е важно за здрав имунолошки систем.

Го подобрува варењето на храната

Сокот од лимон е слична структура на соковите за варење на храната во желудникот, а има и позитивно влијание на дигестивниот тракт. Затоа сок од лимон помага во чистењето на цревата, а помага и кај проблемите со надуеност.

За убава кожа

„Лимонот е супер во борбата против стареењето на кожата“, вели Мишел. Антиоксидативните својства помагаат во борбата против слободните радикали кои се одговорни за симптомите на стареењето.

Го намалува апетитот

Лимонот содржи пектин, односно растворливи влакна кои обично се наоѓаат во агрумите. Благодарение на пектинот, долго ќе се чувствувате сити, ќе имате и помала желба за нездрава храна во моментот кога ќе почувствувате глад затоа што ќе можете да издржите до ручекот или вечерата.

За поздрав уринарен тракт

Лимоновиот сок е диуретик што значи дека го поттикнува производството на урина. Како резултат на тоа, токсините од телото се исфрлаат побрзо, а тоа помага за здрав уринарен тракт. На тој начин може да се промени pH вредноста на уринарниот тракт, па така бактериите потешко ќе се шират и ќе предизвикуваат воспаленија.

Го освежува здивот

Антисептичките својста ги уништуваат лошите бактерии во устата, па сокот од лимон делува како средство за дезинфекција. Чаша вода со лимон е многу поздрава опција за будење од шолја кафе. Поголемиот број медицински лица се согласуваат дека водата со лимон е најдобро да се пие на собна температура затоа што е најблиску до температурата на телото.

Го штити здравјето во глобала

Високото ниво на калиум во лимонот помага за подобра функција на мозокот и контрола на крвниот притисок. Лимонот и водата заедно исто така го намалуваат стресот и депресијата со оглед на тоа што се поврзани со ниско ниво на калиум во организмот.

Побрзо зараснување на рани

Поради аскробинската киселина, лимонот поттикнува зацелување на раните во телото. Како важен нутритиент, лимонот е добар за одржување на коските, ткивото и ’рскавицата здрави. Исто така, лимонот ги смирува воспаленијата во телото.

Детоксикација на црниот дроб

Водата со лимон делува како средство за чистење на црниот дроб, односно детоксикација. Таа го чисти и стимулира црниот дроб, поттинува производство на киселината потребна за варење на храната.