Неколку природни отстранувачи на подочници

Подочниците може да се предизвикаат од алергија, исцрпеност на организмот и болести, но понекогаш и генетски се наследуваат…

Green eye at the end of the tunnel

Големи сојузници во борбата против подочници не мора да бидат скапи креми, туку природна храна од вашиот фрижидер. Научете како да се ослободите целосно или барем привремено од досадните подочници.

1. Свежи краставици
Ставете ја во фрижидер краставицата да се разлади. Исечете по две парчиња и ставете ги на очите. Одморете по 15 минути до 1/2 час.

2. Магдонос
Врз 20 грама магдонос истурете врела вода. Покријте и оставете да отстои 15 минути. Исцедете го чајот, натопете памук и користете го како облога на очите.

3. Зелен чај
Загрејте вода и сварете една чаша чај. Кога ќе се излади ќесичката, не фрлајте ја, туку ставете ја на очите и користете ја како облога.

4. Ладна лажица
Ставете 2 лажици во замрзнувач убаво да се изладат. Наутро ставете ја лажицата на долниот дел на вашите очи и нека држете така неколку минути. Лажиците ќе ви послужат како облоги во случајов.

5. Камилица и вода од рози
Во топла вода додадете 2 суви ливчиња од роза и камилица. Оставете да постои така, исцедете, па натопете памук и користете ги како облоги. Доколку немате ливчиња од роза, користете ја камилицата.