Домашен пинџур

Почнува сезоната на пиперки, домати и друг свеж пролетен зеленчук. Подгответе го овој неодолив пинџур:

1.Domasen pindzur Toshe

Потребни состојки:

7 зелени крупни пиперки

3-4 чешниња лук

2 домати средна големина

масло

сол

Начин на подготовка:

Зелениот пипер се пече, а потоа се лупи и се сече на парчиња по должина.

Претходно во посебен сад се толчи лукот со сол и потоа дел по дел се додава пиперот. Сето тоа заедно се толчи со лукот.

На крај се додава црвен домат кој е веќе потпечен и излупен. По вкус може да употребите и свеж домат исечен на парчиња. Доматот се додава во садот и се толчи заедно со лукот и пиперот.

На крај, подгревате малку масло за готвење и попарете ги состојките во садот.

Прочитај како да подготвиш брза даска кога ќе ви се најават гости тука.

Повеќе вкусни рецепти на: www.gotvi.mk