Топ 5 пролетни салати со марула

Марулата или зелена салата е вистински симбол на секоја пролет. Салатите почнуваат да бидат се печесто присутни на нашите домашни трпези за време на секој оброк.

1.Zelena salata so sirenje i dzem od jagodi

Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К. Таа е богата и со минерални соли, лутеин и со бета-каротин. Изобилува и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува во својот состав и други неопходни материи за организмот, меѓу кои витамин А, Б6, ликопен и калиум.

Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но, многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите.

??????????????

Дали знаете како правилно треба да се мие зелената салата? Одговорот е на линкот.

Во продолжение прочитајте топ 5 пролетни салати со марула:

  1. Цезар салата – покрај одличен рецепт за оваа култна салата, прочитајте и 2 рецепти за дресинг соса кои совршено одат со оваа салата.
  2. Зелена салата со сирење и џем од јагоди – можеби ќе ви звучи необично на прв поглед, но овој рецепт е испробан и оваа салата навистина има неодолив вкус.
  3. Салата Примавера – вистинска пролетна салата која ги содржи сите пролетни бои. Одлично предјадење за секој викенд ручек, а начинот на подготовка прочитајте го на линкот.
  4. Енергетска салата – со добра замисла и идеја, салатите може да бидат цел оброк или, пак, многу вкусна ужина која ќе го оттргне гладот до следниот главен оброк. Прочитајте што ви е потребно за да ја направите оваа енергетска салата.
  5. Туна салата – нискокалорична, а истовремено многу хранлива салата. Заменува цел оброк, а одлична е да ја направите доколку постите или се храните вегетаријански. Еве го рецептот.

Tuna salata so fetucin (so logo)