Џо Ален: Од смс порака дознав дека ме продале

Велшкиот ас Џо Ален откри како дознал дека во иднина нема да го носи дресот на Ливерпул. Во краток разговор со британски „Телеграф“, фудбалерот кој беше избран во тимот на ЕВРО 2016 за својот нов клуб дознал преку смс порака и тоа не од раководството на „Редси“ туку од пријател.

dzo-alen-615x400

„Добив порака од еден пријател кој ми честиташе на трансферот во Стоук, а јас во тој момент немав претстава за што станува збор. Не знаев дали сакаат да ме задржат или продадат. Тоа е разочарувачки. Да бидам искрен, кога практично од весниците ќе разберете дали вашиот клуб прифатил понуда да ве продаде тоа не е најдобриот начин. Така не се прават работите. комуникацијата не беше на нормално ниво. Тоа е чудно, но понекогаш работите функционираат чудно. Немаше големо збогување со тимот, но не сум премногу сентиментален“ – вели Ален.

Ливерпул го продаде Џо Ален, очигледно без тој да знае, за 15 милиони евра откако Велшанецот блесна на Европското првенство.

ekipa.mk