5 намирници со кои ќе ги стопите празничните килограми

Жените во постојана битка со килограмите. Кога сакаат да ослабнат повеќето жени се одлучуваат за диета, но и едноставните промени можат да ви ги обезбедат саканите резултати.

dieta_praznici

Ви откриваме кои производи можат да станат ваши сојузници во борбата против вишокот килограми.

Зелен чај

Редовното пиење зелен чај се покажало делотворно во борбата против килограмите. Секојдневно испијте барем една шолја чај за да го забрзате процесот на слабеење.

Вода

Водата нема калории, а помага за ослободување на токсините од телото. Освен што е важна за здравјето, водата ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми.

Варење на пареа

Со варењето на пареа производите ги задржуваат нутритивните својства. Бидејќи варењето на пареа не подразбира употреба на маснотии, се намалуваат калориите, а со тоа и вашите килограми.

Мед

Редовното и долго консумирање на мед го спречува трупањето на масти во телото.

Кафеав шеќер

Белиот шеќер е виновник за голем број вишок на килограми. Заменете го со поздрава алтернатива, со кафеавиот шеќер ако сакате да го избегнете трупањето на вишок на килограми.