Во среда, продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“ закажано за 10 часот.

Во ноември минатата година Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 29 лица за кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”, за настаните од 9 мај во кумановската населба „Диво Насеље“ минатата година, кога беа убиени осум припадници на полициските единици, а 37 беа повредени, додека во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.
На претходното рочиште сведочеа тројца сведоци предложени од обвинителството, меѓу кои ќерката и сопругата на еден од обвинетите.