Ако сте од оние кои сакаат да носат живи бои без разлика на годишното време, тогаш сте на вистинското место.
Денес ви откриваме топ 7 комбинации на бои со кои нема грешка кога станува збор за облекувањето и кои секогаш ќе изгледаат шик и скапоцено. Најдете ја вашата омилена.
1. Сребрена и ледено сина боја
Постои нешто неописливо привлечно во смиреноста на ледено сината боја и живоста која ја дава сребрената боја. Комбинирајте парчиња облека од различни материјали за вистински шик изглед.
2. Тегет и цигла боја
Ова е една од најомилените комбинации на бои. И тегетот и циглата се впечатливи бои, а во комбинација создаваат совршена хармонија на контрастите на студени и топли бои се истакнуваат на најдобар начин.
3. Сива и корално портокалова/црвена боја
Студенилото на сивата боја и коралните тонови на портокаловата и црвената совршено се комплетираат давајќи и на комбинацијата момент на изненадување. Додека коралната нијанса е силна и впечатлива, сивата боја е тука да го смири целиот изглед.
4. Морнарско сина и кремаста боја
Со оваа комбинација на бои ви гарантираме дека ќе изгледате како девојка од милион долари. Едноставност и класика која се цени.
5. Бебешко сина и кафена боја
Скромноста на бебешко сината боја во комбинација со оваа земјена боја претставуваат контрасти кои се надополнуваат и ја прават целината комплетна.
6. Розева и бела боја
Ако сакате нежен, скромен и женствен изглед, комбинацијата на розева и бела боја ќе биде вистински избор. Особено добро ќе изгледа на припадничките на понежниот пол кои имаат посветла коса.
7. Жолта и кафена боја
Ова се бои кои ги комбинира и самата природа, па зошто не и вие?