
Прерано пиете кафе
Дали постои лошо време за кафе? Да. Кога станете, нивото на енергијата природно расте, па кафето може да создаде вишок на енергија поради што ќе бидете нервозни. Најмногу корист од кафето ќе имате ако го испиете 1 час после будењето. Нивото на енергија тогаш почнува да опаѓа, па кафето ќе ви помогне да го одржите до попладне.
Појадокот ви е прескромен
Малку зрнесто овошје помешано со јогурт можеби ви звучи како здрав појадок, но нема да ме одржи сити до пладне. Не само што тоа не е доволно храна, туку при таквиот појадок недостасуваат и некои хранливи материи кои ќе ве држат сити до следниот оброк. Идеален појадок би бил оној кој се состои од 15 грами протеини, 2.5 грами влакна, сложени јаглехидрати и малку здрави масти.
Веднаш штом ги отворите очите, ги проверувате е-маилот и пораките
Ова е многу лоша навика од која би требало да се ослободите. Проверувањето на мејлот веднаш откако ги отворите очите е вистински пат до стресот за цел ден. Наместо веднаш да мислите на работа, започнете го денот со активности кои ве опуштаат- вежбајте, позборувајте со семејството. Така ќе бидете попродуктивни и покреативни, а тоа на работа ќе ви се исплати.