Во засебни соопштенија сириската влада во Дамаск и нејзиниот сојузник либанското шиитско движење Хезболах ги осудија и соопштија дека нападите во Брисел биле „неизбежен резултат од погрешната политика толерирањето на тероризмот“ а Сирија повика на меѓународна акција против тероризмот.

Извор од сириското министерство за надворешни работи, кого го цитира агенцијата SANA, рекол, исто така, дека нападите биле последица на тоа што западните земји „ги опишуваат терористичките групи како умерени“.
Либанското шиитско движење Хезболак во реакцијата на вторничните терористички напади во белгиската и европската престолнина истакнува дека Европа е запалена од истиот оган кој ги запали Сирија и Блискиот исток „од страна на некои режими“.
„Огнот кој ја запали Европа особено и светот во целина, е истиот оној кои некои режими го подметнаа во Сирија и во други земји во регионот“, се наведува во соопштението на Хезболах во кое се осудуваат терористичките напади во Брисел, пренесува иранската агенција Irna.
Сириската влада предупреди дека се терористи сите вооружени групи кои се борат да го урнат претседателот Башар ал-Асад. Западните земји кои исто така сакаат да го соборат Асад, ги означија екстремната сунитска група Исламска држава и Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда – з.р.) како терористички организации, но како што додава официјален Дамаск, многу од сириските терористи им припаѓаат на бунтовничките фракции кои Западот ги смета умерени.
„Сирија, којашто со му се спротиставува на ‘такфири’ тероризмот веќе пет години, повторно повикува да се здружат сите меѓународни напори за да се спротистави на опасноста од тероризмот“, се вели во цитираното соопштение на сириското министерство за надворешни работи.