Уште една жртва на железничка несреќа, децата се спасиле

Откако едно возрасно лице го загуби животот во е една од двете одделни железнички несреќи кои се случија во петокот крај Скопје и Битола, во саботата повторни на скопската периферија е регистрирана нова жртва на железничка незгода, во која за среќа без повреди минаа двајца малолетници.

Image

Како што известуваат од МВР, во саботата околу 15,15 часот на дел од пругата меѓу железничка станица „Јане Сандански“ на влезен сигнал во железничка станица Драчево, поточно кај селото Драчево, дошло до железничка незгода во која патнички воз кој сообраќал на релација Велес-Скопје удрил во автомобил „фиат панда“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од 64-годишниот Ласте Д. од Скопје.

Сопатници во патничкото возило биле две малолетни деца кои, за среќа, успеале да излезат од возилото.

Меѓутоа, во судирот со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во поликлиниката Драчево каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.