Два инцидента во скопско, пукање во училиште и на автобуска постојка

Два инцидента се случиле во средата во скопско Кондово, во едниот инцидент се пукало во училишен двор, а во вториот на автобуска постојка.

Image (1)

Првиот инцидент се случил околу 7.40 часот, кога кондовец отишол во тамошното основно училиште, бидејќи две лица го малтретирале неговиот син и му барале пари кои не им ги должел.

Таткото отишол во училиштето за да разговара со таткото на едно од лицата кои го малтретирале синот. Но, тој почнал да го навредува неговиот син и се обидел да го нападне таткото, но вработените во училиштето го спречиле.

По 15 минути во дворот на училиштето пристигнале двете лица кои го малтретирале синот и со пиштол му се заканувале на таткото. Откако им се спротивставил, влегле во возилата, а еден од нив при заминувањето испукал еден куршум.

Другиот инцидент се случил околу 12.45 часот во близина на угостителскиот објект „Алинеја“, додека кондовец со неговата сопруга чекал автобус.

Во еден момент застанале две патнички возила, од кои излегле шест лица кои имале бејзбол палки, а едниот од нив  имал пиштол во раката по што започнале да му се закануваат и да го навредуваат кондовецот.

Едниот од нив го репетирал пиштолот и го вперил кон кондовецот, но тој успеал да избега. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случаите.

макфакс