Шилегов: Уставниот суд да покаже еднаш дека правото е поважно од желбите на Груевски

 

Портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов го повика Уставниот суд на утрешната седница да се изјасни за иницијатиата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.

Image (13)

„Еве шанса Уставниот суд барем еднаш да покаже дека правото и правната може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски. Одговорноста за владеењето на правото и еднаквост на сите граѓани пред законот е многу поголема. Станува збор за тоа дали Македонија ќе ја надмине политичката, општествената и правната криза во којашто се наоѓа. Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО.Борбата против криминалот и корупцијата, правдата и правото не смеат да бидат под каква било закана. Непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и гарантирана“, изјави Шилегов.

Според последните официјални информации, Уставниот суд во среда нема да расправа по иницјативата за оценување на уставноста на СЈО, иако тоа е едно од барањата на „Шарената револуција“, Уставниот суд да се изјасни за оваа иницијативата до 18 јуни.

макфакс