Денеска времето топло со температура до 38 степени

15610948898_5ab693a0b5_z

Скопје, 1 јули, 2016 – 9:35 (META) 

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, a попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи, особено во источните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд.
Утринската температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, а дневната до 36 степени.