Забавниот сајт Playback.fm на своите посетители им понуди забавна можност да дознаат кој бил најслушан светски музички хит во САД на одреден ден.
На едноставен и брз начин можете да откриете која песна одекнувала од радиот на денот на вашето раѓање, свадбата на вашите родители или било кој датум што ви останал во сеќавање.
За да пресметате, кликнете на овој линк, внесете го месецот, денот и годината и притиснете Find # 1 Song. Резултатот ќе се појави во полето подолу, каде веднаш може да го слушнете хитот за тој ден.