Епизодата на „Шерлок“ е достапна на 8 Јануари во Pickbox видеотеката, каде што може да се гледаат и преостанатите 3 сезони од серијата
Најпознатиот детектив на светот пристигнува во Pickbox видеотеката, достапна екслузивно на MaxTV. Корисниците на Македонски Телеком ќе можат да ја видат долгогочекуваната специјална епизода на „Шерлок“ на 8 јануари 2016 година на Pickbox, каде што може да се гледаат и преостанатите 3 сезони од серијата. Овој филм особено го прават возбудлив актерите Бенедикт Камбербач и Мартин Фримен, коишто гледачите ги носат директно на улиците на магливитиот викторијански Лондон.
Шерлок Холмс е еден од најпортретираните ликови во филмската историја, а улогата на „Шерлок“ досега ја играле над 70 телевизиски и филмски актери. Без оглед на многуте адаптации, „Шерлок“ на Стивен Мофат и на Марк Гатис стана глобален феномен. Освен што се гледа на сите страни од светот, само во Кина го следат над 90 милиони гледачи.