Синот на Ханка Палдум со синџири изведен пред суд

Мирсад Бркиќ, синот на познатата босанска пејачка Ханка Палдум, бил донесен во судот во Сараево врзан со синџири од страна на судските полицајци.

Image

 

Ваквата постапка ги изненади сите, а локалните медиуми наведуваат дека судските полицајци не сакале да ризикуваат, со оглед дека синот на Ханка им приредил вистински циркус во декември, кога им побегнал, по што следела филмска потера по улиците на Сараево.

 

Бркиќ на судските полицајци кои го превезувале од граничниот премин, каде бил уапсен, им побегнал од службеното возило при пристигнувањето во сараевскиот суд.

 

Тој се сомничи дека предизвикал сообраќајна несреќа пред две години во сараевската населба Грбавица., при што биле повредени три лица.