Луѓето најчесто по лупењето на овошјата и зеленчуците, ја фрлаат кората како отпадок, незнаејќи дека всушност тие фрлаат богатство на хранливи и здравствени придобивки кои се наоѓаат во овие кори.
Витамини, минерали, растителни влакна се само дел од работите кои не ги искористувате во ваша полза.
Кора од портокал
Кората од портокалот всушност содржи 4 пати повеќе растителни влакна од самата сочна внатрешност на целиот портокал. Таа, исто така, е полна со флавоноиди кои се познати борци против ракот. Д-лимонене е уште една состојка која ја има во портокаловата кора, а е докажана во борба против штетните УВ зраци и го намалува ризикот од рак на кожата.
Проблемот е тоа што кората од портокалот е горчлива и не е вкусна за јадење. За да можете да ја конзумирате, изрендајте ја врз некоја салата и уживајте.
Јаболкова кора
Кората од јаболкото содржи 87% повеќе фитохеникалии кои се борат со ракот отколку месниот дел од јаболкото. Јаболкото за разлика од портокалот и кивито, има повкусна лушпа, па затоа нема оправдување да се избегнува нејзиното конзумирање.
Кора од краставица
Краставицата е одлична ужина помеѓу оброците – но, се разбира заедно со кората. Таа содржи силица која претставува хемикалија која помага во изградба на колaгенот (сврзно ткиво за затегната кожа и мускули).
Кора од лубеница
За среќа надворешната зелена и тврда кора од лубеницата не ги содржи хранливите состојки, туку здравствените бенифиции се наоѓаат во белиот дел помеѓу црвениот и зелениот дел на лубеницата. Секогаш откако ќе го изедете црвениот дел, јадете го и белиот бидејќи тој ја содржи аминокиселината цитрулин. Оваа аминокиселина помага во опуштање и зголемување на крвните садови со што овозможува одлична циркулација на крвта низ телото.
Кора од киви
Доколку до сега немате пробано кора од киви, сега е вистинското време за тоа. Влакнестата обвивка се бори активно со инфекции од типот на Ешерихија Коли и Стафилококус. Наместо да ја јадете, ставете го кивито во блендер и направете си смути.
Кора од банана
Таа нуди многу здравствени придобивки. Кората од банана содржи Б6 и Б12, магнезиум и калиум. Таа исто така содржи повеќе влакна од месниот дел на бананата. Друга придобивка е фактот што содржи трипофан, кој што ги зголемува нивоата на серотонин. Истражувањата покажале дека значително се подобрува расположението, а со тоа се намалува ризикот од депресија и нуди стабилизирачко ниво од нагла промена на расположението.
Доколку не сте доволно храбри да изедете сурова кора од банана, можете да ја зовриете неколку минути и потоа да ја изблендате како додаток во вашето смути.