AC/DC ја одложија турнејата поради опасност од губење на слухот

Австралиската рок група AC/DC ја одложи американската турнеја откако лекарите му советуваа на фронтменот, 68-годишниот Брајaн Џонсон, да престане да настапува доколку сака да го сочува слухот, објави групата на својата интернет страница.

Image
Групата требаше да одржи десет концерти во текот на турнејата под наслов „Rock or Bust“, а во вторникот требаше да настапи во Атланта. Потоа настапите требаше да продолжат во Европа со концерти во Португалија, Германија, Британија и Данска.

„На пејачот на AC/DC Брајан Џонсон лекарите му советуваа веднаш да ја прекине турнејата или ќе се соочи со целосно губење на слухот“, се наведува во соопштението на бендот. Се додава дека концертите ќе бидат одржани подоцна годинава „најверојатно со гостин“.

Легендарните AC/DC последните години ги следат низа проблеми. Минатата година настапуваа без гитаристот Маклолм Јанг кому во 2014 година му беше поставена дијагноза за деменција. Истата година групата го загуби долгогодишниот тапанар Фил Рад, кој ја призна вината за поседување дроги и закани со убиство на Нов Зеланд, а него го замени Крис Слајд.