Британски астронаут ќе трча маратон во вселената

Британскиот астронаут Тим Пик ќе се обиде да трча дигитална верзија на Лондонскиот маратон во вселената во рамки на својата 173 дневна мисија на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Image29

Пик ќе трча на подвижна лента додека МВС орбитира околу Земјата, во исто време кога повеќе од 37.000 луѓе ќе трчаат на маратонот во Лондон.

За да се избори со бестежинската состојба, Пик ќе носи појас што ќе го држи врзан за лентата додека трча. Тој ќе гледа видео снимка од лондонската маратонска рута на голем екран пред себе.

Маратонот во Лондон ќе се одржи на 24-ти април.

Астронаутот на NASA, Сунита Вилијамс, прва трчаше маратон во вселената. Таа трчаше на трака во 1997 година, во исто време кога се одржуваше Бостонскиот маратон.

Пик го заврши маратонот во Лондон во 1999 година за три часа, 18 минути и 50 секунди.

Тој додаде дека не очекува да го собори својот рекорд следната година бидејќи неговиот лекарски тим ќе ги следи неговите подготовки и бидејќи ќе трча внимателно за да се дека е во оптимална форма за враќање од вселената осум недели подоцна.

„Не верувам дека ќе го соборам сопствениот рекорд“, рече Пик и изрази надеж дека ќе ја заврши трката за помалку од четири часа.

Пик ќе ја започне мисијата во вселената на 15-ти декември.