Чувствувате постојан притисок? Ви нудиме начини за негово ослободување!

Често, опкружени со бројни медиуми и социјалните мрежи кои ни праќаат слика за совршеност, потсвесно си создаваме притисок дека треба да бидеме совршени пријатели, мајки, жени, ќерки…

stress

Тој притисок, научно докажано, со текот на времето го испраќаме надвор како голема експлозија, често во прилика и пред луѓе кои воопшто не се виновни за нашата состојба.

Па, за да бидете среќни и полесно да се борите со притисокот, имајте на ум 5 работи:

1. Никој не е совршен

Повторувајте си го ова одново и одново. Денот има само 24 часа и не можете сè да направиме совршено како што се очекува и тоа е сосема во ред. Научете ги вистинските вредности и внимателно насочете се кон нив.

2. Престанете со нереалните очекувања

Ако сакате да почнете да вежбате денес и за месец дена да имате видливи резултатите – се лажете. Посакуваните резултати не треба да ги форсирате и да се чувствувате лошо и неудобно поради неостварените резултати.

3. Престанете да ги слушате другите

Никој не може да ви каже, доколку вие сте среќни, дека вашиот слободен статус не е во ред, вашата фризура, навиките… Не треба да добиете потврда од вашите пријатели, семејството или останатите луѓе за работите кои сакате да ги правите и преку кои се чувствувате самоуверени.

4. Поединечните грешки не се толку важни

Често ви се случува додека работите да направите по некоја мала грешка и поради тоа да се чувствувате лошо и под притисок? Тогаш длабоко вдишете и запрашајте се – дали таа грешка има големи последици? Дали ќе се сеќавате на неа за година дена? Научете од грешката и продолжете понатаму.

5. Креирајте своја инспиративна мисла

Мала слатка изјава на која ќе се сеќавате секој ден кога ќе почнете да паничите.