Домашен рецепт против ‘рчење

Една од најпознатите причини за рчење може да биде вишок на слуз. Ако го намалите нивото на таа слуз во грлото и носот ќе ги ослободите дишните патишта што севкупно го намалува рчењето. Еде од наједноставните начини за тоа е со помош на терапија со сокови.

Snoring man problem.

Освен слузта, рчењето го предизвикува и девијација на осниот канал, дебелината, лоша перница или душек, но и сува слузница на носот.

Следната рецепта помага во намалување на слузта.

Потребни се:

2 јаболка

2 моркови

¼ лимон

2 сантиметри ѓумбир

Измешајте ги наведените состојки во соковник. Доколку немате соковник користете блендер и потоа процедете го сокот од добиената каша. Испијте го наутро на празен желудник.

Со помош на овие намирници ќе ви се исчистат дишните патишта и ќе се намали слузта.