Земјотрес со магнитуда од 2,1 степен според Рихтеровата скала, со епицентар во скопското епицентрално подрачје е регистриран вечерва во 18.04 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почуствуван во Скопје и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотрес со локална магнитуда од 1,9 степени според Рихтеровата скала бил регистриран и попладнево во 16.28 часот, исто така во скопското епицентрално подрачје.
Земјотресите се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево.
Извор: Мета.мк